Во Собранието се формира Анкетна комисија за прислушувањето

Пратениците денеска на пленарна седница треба да гласаат за одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкувањето. Синоќа одлуката доби зелено светло на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Анкетната комисија ќе има 16 членови, осум на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.
За претседател на анкетната комисија е предложен Петре Шилегов, а за заменик претседател Горан Мисовски. Членови на комисијата, според предлогот, треба да бидат Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова-Каревска.
Анкетната комисија се формира во согласност со Договорот од Пржино за намдинување на политичката криза.
Ново на Сител
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
