Во Словенија околу 44 проценти примиле прва доза вакцина против Ковид-19
Во Словенија досега се аплицирани 557.568 дози од вакцината Фајзер Бионтек, 166.177 дози Астра Зенека, а потоа следат Модерна и Џонсон и Џонсон.
Во Словенија една доза вакцина против Ковид-19 примиле 50 проценти од возрасното населени (861.872 возрасни лица) додека втора доза примиле 43,9 отсто од лицата над 18 години, објави денеска словенечкиот Институт за јавно здравје.
Од вкупното населени, вклучително и неполнолетните жители, прва доза примиле 41 процент, а две дози – 36,4 отсто.
Словенечката Влада не успеа да ја реализира целта да вакцинира 60 проценти од населението до почетокот на летото, а кампањата за вакцинирање продолжува со цел што е можно повеќе луѓе до есен да бидат имунизирани со цел да се избегне опасноста од нов бран предизикан од новите соеви на Ковид-19.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека од средината на следниот месец тестирањето нема повеќе да биде бесплатно, како поттик што повеќе луѓе да се вакцинираат.
Во изминатите 24 часа во Словенија регистрирани се девет новозаболенни луѓе, а 30 пациенти се хоспитализирани, од кои 10 се на интензивна нега.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг