-->
-->
Во Словенија очекуваат 60 отсто вакцинирани откако ќе биде достапна вакцината против Ковид-19
-->
Кога вакцината против Ковид-19 ќе стане достапна, се очекува да бидат вакцинирани околу 60 проценти од словенечкото население или околу 1,2 милиони луѓе. Тоа го нагласи словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар.
Гантар, одговарајќи на прашањето на пратеници, цитираше интерно истражување кое покажа дека околу 55 проценти од вработените и 69 проценти од корисниците на домови за стари лица изразиле желба да се вакцинираат, јави СТА.
Тој додаде дека околу 60 проценти од луѓето во ЕУ се очекува да бидат вакцинирани.
Гантар посочи дека листите на чекање во јавниот здравствен систем веќе се зголемике повеќе од 10 пати во годините на економски раст, а тие исто така значително се зголемиле во текот на првите два месеци од епидемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест