Во Скопје викендов 35 сообраќајки, 19 повредени
Двајца пешаци и возач на модеп се тешко повредени, а 16 лица се здобиле со полесни повреди во 11 од вкупно 35 собраќајни несреќи што се случиле во изминатите три дена во Скопје.
Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 15 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил возач на мопед, во четири полесно се повредени седум лица, а 10 се со последица материјална штета.
Како што информира за МИА, Сашо Дамјаноски, главен инспектор, завчера се регистрирани седум сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а во две полесно се повредени три лица. Од 12 евидентирани сообраќајки вчера, пак, во една сообраќајка двајца пешаци се тешко повредени, во три сообраќајки незгоди шест лица се здобиле со полесни повреди, а седум сообраќајки биле се со последица материјална штета.
Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 84 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 32 возеле дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, еден возач не ги почитувал правилата за првенство на минување на возилата во зона на крстосница, седум поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи не користеле сигурносен појас или користеле мобилниот телефон.
Затекнати се и 26 нерегистрирани возила, седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор и двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 84 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација
-
САД ја отфрлија можноста Меѓународниот кривичен суд да го истражува Израел