Во Скопје вчера 13 сообраќајки, тешко повреден велосипедист

Велосипедист е тешко повреден, а уште пет лица се полесно повредени, во шест од 13 регистрирани сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Седум сообраќајни незгоди се со последица материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во тек на изминатиот ден при контроли над учесници во сообраќајот сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.Десет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а 12 возачи не користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен додека возеле. Затекнати се и 11 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи, пет возачи не ја обновиле регистрацијата на возилото, како и пет возачи кои го управувале возилото без важечка возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 47 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје вечер со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со ученици од четврто одделение од ОУ „Његош“, општина Гази Баба.
На Националната арена „Филип Втори“ вечер со почеток во 19 часот ќе се одигра меѓународен пријателски фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Македонија и на Република Иран. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот, информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
