-->
-->
Во Скопје 12 сообраќајки, едно лице тешко повредено
-->
Едно лице е потешко, а девет се полесно повредени во 12 сообраќајни несреќи што се случиле во Скопје во изминатото деноноќие. Во седум од сообраќајките имало материјална штета.
Од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број прекршоци и тоа: седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 20 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола или нерегистрирани, деветмина минале на црвено светло на семафорот, 11 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а биле забележани и 29 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило, отстранети се 57 возила, информираат од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство