Во штипско Ново Село ќе се реконструираат старите куќи

Во старата населба Ново Село во Штип годинава ќе се реконструира улицата „Мерите“, која се наоѓа над бањата Кежовица, а општинската администрација од Одделението за јавни набавки ќе му помага на Музеј на град Штип да се распише успешна јавна набавка за реконструкција на Личковата куќа, која е во автентичен македонски стил, најави денеска штипскиот градоначалник Илчо Захариев.
- За четирите куќи во Ново Село кои општината ги доби како донација од кардиохирургот Жан Митрев веќе имаме обезбедено средства да се направи проект за нивна реконструкција. Тоа се доста пари и мислам дека тој проект ќе биде реализиран, а потоа со меѓународни средства ќе гледаме да ги реновираме. Во тој дел сакаме да имаме и музејски поставки. Сакаме да направиме еден Музеј на Евреите во нашиот град и сакаме тоа да биде навистина убаво и пријатно место, рече Захариев.
Тој додаде дека и коритото на реката Брегалница, кое поминува низ населбите Ново Село и 8 Ноември ќе биде уредено, како што е сега примерот со коритото на реката Отиња, со што граѓаните на Штип ќе добијат убави шеталишта покрај двете реки.
Ново на Сител
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката со нож
-

Стојанче призна вина дека ја тепал, но не и дека ја навел Ивана да се самоубие
-

Советот на Јавни обвинители ја отфрли претставката на Ленче Ристовска против премиерот Мицкоски
-

Потребно е проширување на понудата на културниот туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Документарен филм „Природно од Преспа“
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
