Во штипските училишта почна Вториот уписен рок за ученици во прва година
Во штипските средни училишта од денеска во тек е вториот уписен рок на ученици во прва година за учебната 2016-2017 година. Во петте средни училишта има слободни места.
Директорот на регионалниот електромашински училишен центар СОУ „Коле Нехтенин“, Атанас Крстовски вели дека годинава бројот на ученици е помал во споредба со минатите години, поради воведувањето на деветтолетката во основните училишта.
- Ние очекуваме и кој имаат желба да се запишат во СОУ „Коле Нехтенин“ вратите се отворени можат слободно да дојдат. Училиштата треба да го почитуваат и имаат законска обврска да ги почитуваат правилата при уписот кога станува збор за бодовите на учениците, вели Крстовски.
Директорите на гиманзијата „Славчо Стојменски“ и на СОУ „Коле Нехтенин“ прв пат побараа од страна на Советот на Општина Штип да им се дозволи формирање паралелки со помал број ученици, а законските одредби се во една паралелка да има над 25 ученици.
Заменик директорот на гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип, Тања Кокотова вели дека барањето е поради тоа што гимнзаијата запишува ученици само кои што живеат во Општина Штип, а поради помалиот број на ученици оваа година поради воведувањето на деветолетката во седумте паралелки ќе имаат по 22 или 23 ученици.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението