Во Штип утре ќе гласаат затворениците, болните и изнемоштените лица

Во Општина Штип утре во своите домови ќе гласаат 138 инвалидизирани, болни и изнемоштени лица, рече денеска на прес-конференција претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева.
- Почнуваме од осум часот и на секои 10 до 15 минути секој избирачки одбор ќе го подигне доверливиот материјал, со записници и сето она што влегува во тој состав. Инаку недоверливиот материјал е пристигнат го сместивме, а доверливиот материјал го очекуваме денес и сето останато го работат членовите на ОИК со јавување на претседателите на Избирачките одбори, кога да дојдат утре, рече Андреева.
Таа потенцира дека за разлика од изборите во 2014 година бројот на инвалидизирани, болни и изнемоштени лица е значително намален, бидејќи како што посочи, упатставата од страна на ДИК се ригорозни, а тие ги почитуваат.
- Повикавме специјалист лекар од Клиничка болница. Тој дојде и со своето познавање направивме разгледување на секоја дијагноза, на секој упат и на секоја апликација. Така што слободно можам да кажам дека од сите поднесени барања многу мал број се одбиени, бидејќи не совпаѓаат со упатството на ДИК, рече Андреева.
Таа истакна дека утре од 7 до 19 часот ќе биде отворено и Избирачкото место во Затвор-Штип, каде што ќе гласаат осудените лица, а нивните гласачки ливчиња по гласањето ќе бидат доставени до избирачките одбори во општините, каде што им се адресите на живеење.
Во општина Штип на 11 декември ќе се гласа на 80 избирачки места.
Ново на Сител
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
