Во Штип почнува „Текстилијадата“

Миграцијата на младите, културата и младите, проблемите на текстилните работници, се дел од темите на дебатите и работилниците кои ќе бидат дел од втората „текстилијада“, што почнува денеска во Штип.
Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева на денешната прес-конференција најави дека оваа година ќе имаат вкупно 13 настани, кои ќе се одвиваат денеска и утре.
- Ќе присуствуваат градоначалникот на Штип Благој Бочварски, министерот за финансии Драган Тевдовски, шефицата на кабинетот на министерот за труд и социјална политика и други, рече Ампева.
Во рамките на „Текстилијадата“ предвидени се и промоции и изложби на ликовни дела.
- Ќе имаме ликовна работилница, изложба на академски слики, како и изложба насловена „Штип некогаш текстилен град“ што ќе ги опфати сликите на некогашните комбинати „Македонка“ и „Астибо“, наведе Александар Арсовски, член на „Гласен Текстилец“-Штип.
На втората „Текстилијада“ ќе се промовира и весник за текстилните и кожарски работници.
- Весникот е направен за работниците од овие две индустрии во источниот регион. Со радост можам да кажам дека после 25 години, текстилните работници ќе можат да дојдат до директни информации, истакна Денис Ампев член на „Гласен Текстилец“ Штип.
Втората „Текстилијада“ е поддржана преку проектот „Културата и Младите за промени“ финансиран од Општина Штип.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
