Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
На шеталиштето во Штип денеска почна фестивалот на храна „Shtip Street Food Festival“ на кој сите штандови нудат богат избор на храна од светската кујна, разни пијалаци и вкусни десерти, во атмосфера збогатена со добра музика и позитивна енергија.
Настанот, кој има за цел да го збогати културно-туристичкиот живот во градот, привлече голем број посетители уште во првите часови.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека е среќен што временските услови дозволија настанот да се реализира според планираното.
- Навистина ми е драго што временските прилики ни дозволија конечно да започне најавениот ивент ,,Shtip Street food Festival” на шеталиштето „Ванчо Прќе“ каде денеска и утре ќе биде изложена добра храна. Настанот нема да биде единствен, кој ќе ги анимира штипјани, Штипско Културно лето има богата програма, Д фестивалот, Пастрмалијадата како еден добар настан, Макфест, рече Јорданов
Граѓаните велат дека конечно се случува нешто убаво после несаканите настани, нешто што го обединува градот. Фестивалот продолжува и во наредните денови, со музика, нови вкусови и програма што ќе го збогати градскиот живот.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа