Во Штип и во Велес презентација на опрема на војските на САД и Македонија

Презентација на опремата на Армијата на Република Македонија и на Армијата на САД во Европа, која е дел од заедничката воена вежба „Dragoon Guardian 17“, ќе се одржи денеска пред гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес и на градскиот стадион во Штип.
Покрај презентацијата на дел од воените возила и опрема на Армијата на САД во Европа и АРМ, ќе се одржи фитнес сесија, натпревар за најмладите – патека со пречки. Во Штип ќе се одржи и пријателски фудбалски натпревар меѓу екипи на Армијата на САД, АРМ и екипа од градот.
На утрешната презентација од АРМ во Велес ќе присуствува командантот на командата за обука и доктрини полковник Љубенчо Петровски, а во Штип командантот на вториот механизиран пешадиски баталјон, потполковник Горан Петрушевски.
Заедничката вежба на Армијата на Република Македонија и на Армијата на САД во Европа „Dragoon Guardian 17“ која се одржува до 10 август има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на АРМ, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
