ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати.
Како што информира Центарот за упраување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово – село Секирник гори депонија; Општина Чашка – село Војница гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева; Општина Кавадарци – село Шивец каде гори сува трева; и Општина Штип – село Долани.
Под контрола се ставени пожарите во Општина Демир Хисар – градска депонија; Општина Кратово – село Железница (депонија).
Целосно изгаснати се пожарите во: Општина Битола – кај Католичките гробишта (сува трева); Општина Прилеп – село Мало Коњари (сува трева); Општина Прилеп – кај Средното училиште „Орде Чопела“ (ѓубре); Општина Теарце – село Непроштено (нива); Општина Гостивар – село Бањица (сува трева); Општина Гостивар – место викано Јавор, населба Питарница (сува трева); и Општина Гостивар – населба Малеадри (сува трева).
МИА
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
