Во „Шпилје“ за девет месеци произведени 247 милиони киловат-часови елекрична енергија

Во хидроелектричната централа „Шпилје“ кај Дебар, во приодот јануари-септемри годинава произвдени се 247 милиони киловат-часови елетрична енергија, што претставува остварување на годишниот план за над 82 отсто.
- Споредено со ланското производство истиот период тоа е поголемо за 107 милиони киловат часови. Вака оствареното производство, но и поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, даваат гарнција за остварување на планираните 300 милиони киловат-часови пред истекот на годината а тоа значи и реализација на поголемо производство од планираното, велат од ЕЛЕМ.
Според компанијата, во акумулацијата „Дебарско Езеро“ моментно има резерва на вода за производство на околу 20 милиони квч, односно 50 отсто исполнетост. Последните обилни дождови го зголемија дотекот на вода и изнесува околу 50 метри кубни вода во секунда.
ХЕЦ „Шпилје“ која работи според потребите на енергетскиот систем, во последните пет години во просек произведувала по над 250 милиони киловат-часови елекрична енергија. Историски рекордно производство е забележано пред пет години кога беа произведени околу 500 милиони квч.
„Шпилје“ заедно со ХЕЦ „Глобочица“ го сочинуваат црнодримскиот слив, а во периодот јануари-септември годинава произвеле над 423 милиони киловат-часови електирчна енергија.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
