-->
-->
Во Шпанија уапсени лица кои поттикнувале терористички напади врз Франција
-->
Шпанската полиција, со поддршка на Европол, уапси три лица во Гранада под сомнение за поттикнување терористички напади врз Франција, соопшти Европол.
Откако минатиот септември француското списание Шарли Ебдо објави карикатури на пророкот Мухамед, уапсените објавија бројни видеа на своите профили на социјалните мрежи во кои се закануваат дека ќе извршат насилни акции против Франција и нејзините граѓани со цел да се одмаздат, наведуваат од Европол.
Шпанската полиција успеа да ги идентификува лицата кои стојат зад тие профили на социјалните мрежи, кои имаат вкупно 19.000 следбеници, и во моментов ги анализира доказите собрани при апсењата и претресите во домовите за да се утврдат потенцијалните врски со повеќе тековни истраги.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување