-->
-->
Во Шпанија регистрирано 21 дете со непознат хепатитис
-->
Најмалку 21 случај на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца се идентификувани во Шпанија од декември минатата година, објави денеска весникот Ел Паис.
Како што е наведено, 18 пациенти се помали од десет години. На едно дете му била потребна трансплантација на црн дроб, а најмалку пет деца биле примени на одделенијата за интензивна нега.На 26 април, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека активно ги истражува случаите на акутен хепатитис од непознато потекло.
Според СЗО, ширум светот се потврдени околу 160 случаи.Болеста се карактеризира со покачени нивоа на ензими на црниот дроб и во многу случаи гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи абдоминална болка, дијареа и повраќање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Студено утро, сончев ден – температури до 12 степени
-

Курти убедливо победи на вонредните избори во Косово
-

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
-

Нова слаломска победа за Шифрин
-

Пораз на македонските ракометари на контролата со Хрватска
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиниката за гинекологија и акушерство
-

Собранието треба да го донесе новиот Закон за Судскиот совет
