Во шест сообраќајки вчера во Скопје, четворица повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.
Од нив, две се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца пешаци
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила околу 20 часот на улица „Боца Иванова“ после кружниот тек со улица „Александар Урдаревски“ во населба Бутел 1, во која учествувале патничко моторно возило „мицубуши“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Димитар Миладинов“ кое се наоѓа на територијата на општина Центар.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули
-
Заклучоци од седница на Влада