Во Сараево прогласена „узбуна“ заради загадувањето на воздухот

Заради исклучително влошените вредности на квалитетот на воздухот, Владата на кантонот Сараево прогласи степен на предупредување „узбуна“ и издаде важни упатства за граѓаните во врска со престојот на отворено, физичките активности, носењето заштитни маски и користењето на моторните возила, односно градскиот превоз.
Од овие причини денеска многу жители на Сараево одлучија да останат во своите домови, за што сведочат празните улици, пренесе порталот Кликс.ба.
Само малкумина утринава излегоа надвор, додека на лицата носеа заштитни маски или шалови.
Ситуацијата со загадениот воздух во Сараево утринава, сепак, беше малку подобра отколку синоќа, иако воздухот и натаму е многу штетен.
Според мерењата во 10 часот, индекстот на квалитет на воздухот на Скендерија изнесуваше 420, а индексот над 50 се смета за штетен.
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
