-->
-->
Во САД втор ден по ред со рекорден број починати од Ковид-19
-->
САД втор ден по ред бележат трагичен рекорд по смртни случаи – во последните 24 часа, од корона вирусот починале 2.371 лице со што вкупниот број на жртви се искачи на 30.800.
Бројот на заразени надмина 640.000, а речиси 50.000 пациенти оздравеле.
Првите случаи на заразата во САД беа пријавени на 29 февруари. За 38 дена, бројот на жртви достигна 10.000, а само девет дена подоцна починаа 30.000 луѓе.
И покрај фактот што бројот на починати и новозаразени лица секојдневно сè уште е голем, во некои делови на Америка епидемијата опаѓа.
Гувернерите на 20 држави во кои има заразени, веруваат дека на 1 мај можат повторно да ја придвижат економијата, датум кој претседателот Доналд Трамп го означи како почеток на отворањето на земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници