Во протестите во Каталонија 34 лица повредени, четворица уапсени
Триесет и четири лица, меѓу кои 12 полицајци, се повредени во судирите помеѓу полицијата и приврзаници на независноста на Каталонија, кои денеска ги блокираа главните сообраќајници – автопатишта, улици и железнички пруги ширум тој шпански регион.
Регионалната полиција во Барселона соопшти дека привела четири лица кои пружале отпор кога полицијата се обидела да ги растера групите демонстранти.
Генералниот штрајк го организираа синдикати и студентски здруженија, кои бараат независност за Каталонија.
Тие бараат и подобра социјална политика, вклучувајќи 35-часовна работна недела и зголемување на минималната плата, но протестите дополнително се предизвикани од незадоволството кон централната власт поради судењето на лидерите на каталонските сепаратисти.
Резултатите од последните анкети покажуваат дека 7,5 милиони жители на Каталонија се поделени во однос на прашањето за отцепување од Шпанија.
Ново на Сител
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април