Во Прилеп одбележани 66 години од смртта на Методија Андонов - Ченто
Со положување цвеќе пред споменикот во центарот на Прилеп, делегации од градот оддадоа почит и ја оддбележаа 66-годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
Пред споменикот се поклонија делегација на Општината предводена од градоначалникот Борче Јовчески, делегации на политичките партии и граѓани.

- Долго време по неговата смрт, Ченто бил табу тема и ретко бил споменуван во книгите и учебниците, а и јавните разговори за него биле најстрого забранувани. Во 1990 година, по осамостојувањето на Македонија, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, судот ја повторил кривичната постапка против Ченто, при што одлуката на судот од 1946 година била укината. Постхумно е одликуван со „Орден на Република Македонија“, признание кое го имаат само поранешните претседатели на државата, потенцираат од прилепската локална самоуправа.
Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година, во својот роден град.
Ново на Сител
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
