Во Прилеп одбележани 58 години од смртта на Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ

Прилеп денеска ја одбележа 58 годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто. Делегации на локалната самоуправа, претставници на борците, претставници на семејството на Ченто, делегации на партиите и граѓаните, пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп положија свежи цвеќиња и се поклонија пред споменот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
Ќерката на Ченто, Марија Јакимоска емотивна поради годишнината, вели дека болката не стивнала и се памети неправдата што му била нанесена.
- Иако поминаа 58 години, нема време што може да ја избрише болката, ниту неправдите што му беа нанесени на татко ми. Но, вистината на крајот излезе и покрај сите напори да биде скриена. И по сите години емоциите се сѐ подлабоки и сфаќам колкава неправда нему и на сите нам ни е нанесена, изјави Јакимоска.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески нагласи дека Ченто е голема личност на македонскиот народ.
- Ченто не задолжи сите сегашни и идните генерации да го почитуваме неговото дело и делото на сите луѓе кои се бореа за самостојна и независна Република Македонија. Не задолжија да се бориме, да ги зачуваме самостојноста и независноста на Македонија и да биде дел од евроатланските интеграции. Прилеп се гордее што го имаше и го има првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, изјави Ристески.
По повод годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и првиот претседател на Македонија - Методија Андонов Ченто, денеска и пред споменикот во паркот во скопската населба што го носи неговото име, делегации од Општина Гази Баба, Советот на општината, предводена од претседателот на Советот Милан Андоновски, претставници од урбаните и месните заедници, здружение на пензионери, граѓани, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба, Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, му оддадоа почит и положија свежо цвеќе.
Ново на Сител
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
