-->
-->
Во Прилеп одбележана годишнината од смртта на Блаже Конески
-->
По повод 26-годишнината од смртта на истакнатиот македонски деец Блаже Конески, денеска делегација на општина Прилеп положи свежи цвеќиња и се поклони пред споменикот на Конески пред Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Блаже Конески е еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ.
Неговата родна куќа во селото Небрегово е спомен-музеј што го посетуваат ученици, студенти и културни дејци, каде се промовираат истакнати литературни дела од македонската книжевност и граматика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости