Во понеделник Владата ќе соопшти дали ќе има целодневна настава за учениците

Викендов Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали има услови за повеќечасовно згрижување на децата во училиштата.
Министерот Филипче вели добро е што се работи за истиот број на ученици кои заедно ќе слушаат и настава.
„Разговаравме вчера со министерката Царовска, анализата е направена. По комисијата ќе одлучуваме во понеделник на Влада. Бројката е толку мала да не ја загрозува здравствената безбеднос.Предност е што се работи за иста група на дечиња.
Доколку се зголеми бројот на случаи во градинките, министерот пак вели нема да се затвораат бидејќи донесени се јасни протоколи за работа. Смета дека е предност што во нашата земја за разлика од другите примери, постепено се отвораат.
Развиени се алгоритми , секојдневно ја следиме ситуацијата. Правиме постепен влез и опуштање на одредени групи и сметаме дека тоа ќе придонесе да избегнеме влошвање на состојбата. “
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
-

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби
-

Утре се празнува Стара Нова година и Василица
-

Уапсено лицето кое скрши стакло на бугарската амбасада во Скопје
-

Алиу: Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари
-

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б
