Во Охрид продолжува состанокот на Комитетот за учебниците

Средбата на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Грција, продолжува денеска во Охрид, јави за дописничката на МИА од Атина.
- Со Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти во Охрид за четвртата средба, напиша вчера на Твитер, заменик министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, кој воедно го предводи грчкиот тим во Комитетот за учебниците и објави заедничка фотографија.
Ова е четврта средба на Комитетот воспоставен со член 8 став 5 од Договорот од Преспа.
Третата средба се одржа во Атина на 12 и 13 април 2019 година, а според заедничкото соопштение на двете министерства за надворешни работи, состанокот помина во пријателска, конструктивна и позитивна атмосфера и „беше остварен напредок во однос на исполнувањето на задачите на Комитетот и беа потврдени и дополнително елаборирани заклучоците од втората средба“.
- Двете страни се согласија да продолжат со имплементација на мандатот што им е доделен со Преспанскиот договор, во рамката на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. На средбата беа разгледани и дискутирани курикулумите на двете страни, а исто така се разговараше и за учебниците по историја, соопштија минатиот месец од двете министерства.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
-

„Тесла“ го претстави новиот „Роудстер“: Забрзува до 100 км/ч за помалку од секунда, лета и се превртува во воздух
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов
-

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
