Во Охрид мајка позитивна на КОВИД-19 бара да си го погреба синот кој починал од вирусот
„Синко, имаш ли ти дечиња? Ако имаш,тогаш знаеш како крвари душата на една мајка која го изгубила најсветото нешто - својот син. Те молам,помогни ми, однеси ме да го испратам до неговото вечно почивалиште, дозволи ми синко да го поздравам за последен пат”- ова се зборовите на мајка од Охрид која заедно со синот се лекувала од коронавирус кои му ги упатила на директорот на Општа болница Охрид, Горан Балев, пишува Алфа.
Додека таа успешно се опоравувала, нејзиниот син починал.
„Свесен сум за строгите протоколи и одговорноста која ја носам, но и помогнав на мајката да стане од кревет, ја облеков во скафандер и ја однесов за да се збогува со синот за потоа повторно да ја вратам во болница“, вели доктор Балев.
Тој кажа дека се поголем бројот на млади пациенти кои со тешка клиничка слика се хоспитализираат во болницата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај