Во Ниш произведен првиот српски тест за Ковид-19
Првиот српски тест за новиот коронавирус произведен е во Ниш, а масовното производство треба да започне од утре, кога се очекува дозвола од Агенцијата за лекови и медицински помагала, изјави за Танјуг директорот и сопственик на НеоМедика, Саша Тричковиќ.
– Првиот српски тест е завршен. Развојот е завршен и ние сме подготвени, рече Тричковиќ, додавајќи дека широко производство би започнало веднаш по одобрението од Агенцијата за лекови.
Во моментов, капацитетот на производство е 1.500 тестови на ден во една смена, а доколку е потребно ќе се воведе и втора смена во фабриката.
„Наиса“ е систем составен од апарат и тестовите и го носи името според античкиот град Наис сус, на чие место денес е градот Ниш.
Во развојот на апаратот, кој покрива цел спектар на заразни и други болести, започна пред четири години, додека идејата за спроведување на тестот за Ковид-19 дојде со појавата на првите случаи на коронавирус во кинескиот град Вухан, од каде епидемијата се прошири во светот.
– Се користат биолошки материјали и референтни примероци … Исто така, нашиот метод се споредува со признати референтни методи, меѓу кои и класичниот Елиза (тест Елиса), ПЦР …, вели раководителката на производството на имунохемија во НеоМедика Милена Милојевиќ.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
