Во натпреварот за пласман Македонија ја победи Јужна Кореја со тоа го освои 27 место
Нашата репрезентација добро го почна натпреварот и ги казнуваше грешките на противникот и преку контри брзо стигна до предност од 8:4 во 9.минута. Четири од овие осум голови постигна Костески сите од контра. Во продолжение по тајм аутот на Лазаров стигнавме и до највисоки +6 во првиот дел (17:11). Но, потоа Јужна Кореја со серија од 6-1 успеа да ја врати неизвесноста пред се откако ја смени одбраната во 3-3. За разлика од почетокот на дуелот ривалот помалку грешеше во нападот и тоа донесе резултат на полувреме од 20:19 за Македонија.
Повторно Македонија ја зголеми предноста на + 3 (23:20), но потоа ние постигнавме два гола, а Кореја 6 за прво нивно водство од 26:25 во 43.минута. Удел во водството на противникот имаше и голманот Парк, кој за 12-тина минути имаше шест одбрани од кои два седмерци на Кузмановски (Македонија до овој дуел немаше промашено седмерец), а потоа седмерец не реализираше и Серафимов (одбрани Ким). Во последните десет минути Македонија најчесто имаше предност од 1-2 гола. Кузмановски беше најефикасен со 8 голови, a Томовски имаше 13 одбрани.
Во натпреварот за пласман Македонија ја победи Јужна Кореја со 36:33 (20:19) и со тоа Македонија го освои 27.место со три победи и четири порази.
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори