-->
-->
Во населбата „Тоде Мендол“ во Куманово заеднички прославен Курбан Бајрам
-->

Жителите на мултиетничката населба „Тоде Мендол“ во Куманово денеска заеднички во просториите на месната заедница го прославија празникот Курбан Бајрам.
Прославата ја организира Центарот за меѓукултурен дијалог, а се реализира и во рамките на проектот „Безбедни училишта“со поддршка на Советот на општина Куманово.
- Заедничките чествувања на празниците имаат за цел да се надминат разликите, да се почитуваат традициите, културата, обичаите, да се дружиме, да има повеќе комуникација, а преку тоа да има и поголема безбедност и доверба помеѓу граѓаните, но и во работата на институциите, кои што се сервис на граѓаните, изјави Виолета Богдановска од СВР Куманово.
Претседателот на месната заедница, „Тоде Мендол“ Шабан Демири истакна дека во ова урбана населба има приближно 17.000 граѓани со различна етничка припадност. И во минатото и денес, додаде, граѓаните заеднички ги прославуваат празниците.
- Целта отсекогаш ни била да живееме мирно, спокојно, во благодет, меѓусебе да си помагаме и мислам дека остекогаш тоа сме го покажувале, рече Демири.
Драгана Јовановска од Центарот за меѓукултурен дијалог, посочи дека оваа младинска организација со години наназад ја организира манифестацијата „Баклавијада“, а оваа година заеднички со СВР Куманово и советот се приклучуваат во организација на проектот „Безбедни училишта“.
Таа ги покани младите да се дружат и да го посетат младинскиот центар „Мулти култи“.
Претседателот на Советот на општина Куманово Александар Арсиќ, додаде дека Советот на општината е еден од организаторите на овие настани со кои се промовира мултиетничкото живеење во градот.
Претходните години, прославата на празниците од проектот „Безбедни училишта“ се спроведуваше во едно од училиштата, но во иднина ќе се спроведува во различни населби и месни заедници во Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
