Свет
11. September 2016 - 12:10

Во напади на турските сили во Сирија убиени 20 џихадисти

Во воздушни напади на турските сили во северниот дел на Сирија убиени се 20 припадници на ИД, објави денеска телевизијата Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на соопштение на турската армија. 

Цел на вчерашните напади биле три згради, едно возило и еден мотоцикл во близина на сирискиот град Тел ел Хава.

Главниот командант на турската војска претходно соопшти дека операцијата „Штит Еуфрат“, во рамки на која турската армија пред две недели влезе на северот на Сирија, ќе биде продолжена.