Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата

Најбројното Светско фудбалско првенство во историјата, со учество на 48 репрезентации, започна вечерва со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка на величествениот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити.
На воведниот натпревар му претходеше церемонија на свеченото отворање која беше поделена на четири дела со настапи на бројни латиноамерикански музички ѕвезди, а најголем ентузијазам кај приближно 85.000 гледачи предизвика појавувањето на колумбиската поп-ѕвезда Шакира.
Пред почетокот на натпреварот, на навивачите им се обрати и познатата мексиканска актерка Селма Хајек, а потоа познатиот италијански тенор Андреа Бочели и американската пејачка од корејско потекло ЕЈАЕ ја завршија церемонијата со своите настапи.
Пред почетокот на натпреварот, во живо беа изведени националните химни на Мексико и Јужна Африка.
Ова ќе биде една од трите церемонии на отворање, а почетокот на натпреварувањето во САД и Канада, преостанатите два домаќини на 23. Светско првенство, ќе биде означен на сличен начин.
МИА
Ново на Сител
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
-

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
