Свет
14. February 2024 - 10:49

Во Мексико уапсени шестмина членови на нарко-картел осомничени за убиство на осум лица

Мексиканските власти уапсиле шест членови на нарко-картел поврзани со убиства со мачета на најмалку осум лица во Канкун минатиот месец.

Обвинителите соопштија дека шестмина осомничени убиле пет лица со мачета и фрлиле уште три жртви во плиток гроб, пренесува Фокс Њуз.

Мексиканската полиција запленила дрога од групата, вклучувајќи марихуана, кокаин и крек, како и две огнени оружја кои исклучиво ги користени војската, два мотоцикли наводно користени за транспорт на осакатените тела и два автомобили, вклучително и еден за кој бил пријавен дека е украден.

Мексиканските власти неодамна открија нарко-група која дрогата ја продавала преку лажна туристичка агенција, а минатата година беа затворени 23 аптеки во одморалиштата на карипскиот брег откако во истражен извештај беше предупредено дека аптеките продаваат лажни опијати на странци.

Надлежните веруваат дека бандата се занимавала и со изнуда, како и дека им помагала мрежа на такси возила и малолетници кои работеле како набљудувачи, јави Си-Би-Ес Њуз, додавајќи дека покрај шестмината членови на нарко-бандата, уапсени биле и двајца малолетници.