Во Мексико повторно борби со бикови
Во Мексико повторно се најавува одржување борби со бикови на најголемата корида-арена во светот - првпат по укинувањето на судската забрана.
Претстојните борби со бикови се рекламираат и промовираат и на интернет. Познатата „Фиеста брава“, како што се нарекува борбата со бикови на шпански јазик, ќе се врати на арената „Плаза Мехико“ во главниот град Мексико Сити, почнувајќи од 28 јануари, по пауза од речиси 600 дена, соопштија синоќа организаторите.
Противниците на борбите со бикови се против измачувањето и убивањето на биковите во рингот.
Активистите за права на животните во јуни 2022 година успеаја да издејствуваат пред Судот прекин на борбите со бикови во главниот град на Мексико. Сепак, тоа беше привремено, бидејќи Врховниот суд ја укина првичната забрана.
„Плаза Мехико“ има повеќе од 41.000 седишта. За споредба, светски познатата арена „Лас Вентас“ во Мадрид, Шпанија има капацитет за нешто помалку од 24.000 гледачи.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
