Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Исто така, изречени се вкупно 781 мерка забрана за управување со возило. Од нив 295 се за минување на црвено светло, а 486 се за брзо возење, од кои 347 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 86 за брзина поголема од 10 км - сопствено ограничување на возило и 83 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
