Во Маџир маало на улица „Петричка“ се гради канализација и се обновува водоводот

Се поставува атмосферска и фекална канализација и се реконструира водоводната мрежа на ул. „Петричка“ во Маџир маало во Општина Центар, во должина од 450 метри квадратни.
– Инвестицијата изнесува осум милиони евра, што општината ги доби како грант од Министерството за транспорт и врски, информираа денеска на стартот на градежните работи градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Богдановиќ потенцираше дека се решаваат реални проблеми на жителите, забалежувајќи дека активности за нова и обнова на постојната комунална инфраструктура во населбата што е во најстрогиот дел на Центар немало 50 години.
– По поставувањето цевки, канализација и мрежа, следува целосно асфалтирање на улицата на површина од 2.700 метри квадратни и поставување на сите дополнителни елементи. Ме радува фактот што централната власт преку грантови ги помага општините и заедно и со сопствени средства успеваме да ги решаваме проблемите коишто, за жал, се оставени во изминатиот период. Добро е што централната власт средствата ги наменува за вистински реални проблеми, а не за непродуктивни трошоци, изјави Богдановиќ.
Според Сугарески, станува збор за сериозен капитален дел во овој дел на општината и Скопје.
– Со изградбата на оваа атмосферска канализација и реконструкцијата на водоводната мрежа ќе решиме уште еден проблем на граѓаните на овој дел на Скопје. Жално е што во 21 век се уште разговараме за водоводи и канализации, меѓутоа основна наша цел е во секое населено место и секаде каде има потреба од изградба и реконструкција тоа и да биде направено, рече Сугарески.
Ново на Сител
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
