Во Лос Анџелес 96. доделување на Оскарите
Девеесет и шестото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки ќе се одржи вечерва во театарот Долби во Холивуд. Водител на шоуто ќе биде Џими Кимел.
Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23:30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3:30 наутро.
Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има осум номинации.
Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.
Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.
Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди.
Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.
Ново на Сител
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите
-
Битиќи соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател на СДСМ
-
Претседателката на ДОМ поднесе оставка
-
Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова