Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект

Граѓаните на централните и северните делови на Литванија утрово беа во засолништа речиси еден час поради неидентификуван летачки објект.
Додека на сила беше „црвеното“ предупредување за опасност од воздушен напад, авионите на НАТО задолжени за заштита беа испратени во областа, а аеродромот на вториот по големина литвански град Каунас беше затворен.
Припадници на литванската војска истражуваат дали има остатоци од дрон во близина на село во северна Литванија откако летечки објект исчезна од радарот, соопшти Центарот за управување со кризи.
Центарот наведе дека објектот, кој бил забележан на радарот, веројатно влегол во Литванија од Полска. Кај северниот сосед Латвија, беше издадено „жолто“ предупредување во одредени региони на границата со Литванија поради, како што наведе латвиската армија, „можна закана“.
Украинските беспилотни летала во повеќе наврати влегуваа во воздушниот простор на НАТО во балтичкиот регион во последните неколку месеци. Киев соопшти дека авионите биле пренасочени од нивниот курс поради руско попречување на сигналот.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
