Во Лерин научна конференција за македонското прашање

Тридневна научна конференција посветена на македонското прашање ќе се одржува во Лерин, Грција, од денеска до 19 јули, на која ќе учествуваат водечки научни имиња од светот.
Организатори на конференцијата се Австралиско-македонскиот комитет за човекови права од Мелбурн, Австралија, „Виножито”- Партијата на македонското малцинство во Грција, Европската слободна алијанса од Брисел, ОМО Илинден Пирин и Меѓународното македонско движење за човекови права од Канада.
- Целта на овој мултидисциплинарен настан е да даде суштински придонес кон разбирањето на современата македонска национална историја од различни академски перспективи, вклучувајќи социолошки, лингвистички, антрополошки и политички аспект, соопштија организаторите.
Меѓу учесниците на настанот се познати академски имиња, како Виктор Фридман од Универзитетот на Чикаго, Грејс Филдер од Универзитетот на Аризона, Ендру Росос од Универзитетот на Торонто, Акис Гаврилидис од Универзитетот на Солун, Џорџ Влахов од „Ла троб универзитетот” од Австралија, Васко Настевски од Универизтетот на Мелбурн, Катерина Колозова од Институтот за социјални и хуманистички науки, Марија Пандевска и Македонка Митрева од Институтот за национална историја при УКИМ-Скопје.
Конференцијата во Лерин, Грција е втора од ваков тип, по научниот собир кој беше одржан во 2013 година на Универзитетот „Монаш” во Мелбурн, со кој беше одбележана 100-годишнината од крајот на Втората Балканска војна и поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор.
- Како резултат на тој успешен настан, неодамна, од страна на реномираната германска академска издавачка куќа „Верлаг Ото Сагнер” (Verlag Otto Sagner) беше издадена книга „За македонските работи: Од поделбата на Македонија во 1913 до денес”, информираат организаторите.
Конференцијата во Лерин ќе заврши на 19 јули, кога научниците и претставници од Европскиот парламент првпат ќе имаат можност да присуствуваат на традиционалниот македонски културен фестивал „Илинден” во село Овчарени, Грција.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
