Во Куманово информативна средба за можностите на малите и средни претпријатија

Претставници на бизнис заедницата од североисточниот регион денеска во Куманово се информираа за можностите за подобрување на нивната конкурентност на глобалниот пазар.
Претставници од повеќе финансиски институции ги презентираа своите програми за тековната година на втората информативна средба „Иновациските способности на малите и средни претпријатија, како фактор на конкурентоста на глобалниот пазар“, која ја организраше Бизнис центарот кој функционира во рамки на Центарот за развој на североисточниот плански регион.
- Настанот има за цел да ја подобри конкурентноста на фирмите во регионот, да се зајакнат и да се отворат нови работни места преку подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија. Бизнис заедницата покажува завиден интерес за овие информативни настани чија цел е подобрување на иновативноста како неопходен сегмент за подобрување на конкурентоноста, изјави Маја Петровска, координатор на проектот.
Од Бизнис центарот изразија надеж дека ќе ги мотивираат бизнисмените во регионот да отварат нови бизниси и оти со тоа ќе се подобри и стандардот.
Сопствениците на претпријатијата денеска се информираа и за можностите за бреднирање на производите.
- Презентацијата на Агенцијата за поддршка на претприемништвото се однесува во делот на конкуретноста кај малите и средни претпријатија и брендирање на производите, што е значајна можност да постигнат одредена позиција на пазарот, рече проф. д-р Љубиша Николовски од Агенцијата за поддршка на претпримеништво.
Оваа институција нуди и советувања за малите претпријатија, но и за невработените кои планираат отворање мали претпријатија.
Претставниците на бизнис заедницата од регионот ја проследија и програмата која ја презентираа надлежните од Институтот за стандардизација.
- Институтот за стандардизација на Република Македонија е единствена институција која ги претставува интересите на македонската индустрија на европско и меѓународно ниво. Стандардот е основната клетка врз која малите, средните претпријатија можат да извезуваат во европските земји. Преку тој стандард се создаваат условите за извоз на европскиот пазар. Во стандардот се објаснети сите услови кои треба да ги исполнува еден производ за извоз, транспорт, рече Љупчо Давчев од Институтот за стандардизација.
Информативниот настан е втор кој го организира Бизнис центарот и се спроведува во рамки на проектот на Министерството за локална самоуправа „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво“, кој се реализира во соработка со УНДП и има за цел подобрување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија.
Ново на Сител
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
-

Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата
-

Мисајловски: Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) - пример за регионална одбранбена соработка врз споделени вредности
-

Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика
-

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“
-

Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк
