Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк

Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк - напиша утрово скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.
Тој појасни дека денеска бил посетен од страна на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“. Градоначалникот истакна дека станува збор за млади талентирани музичари, кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, за исклучително кратко време бележат сериозни успеси и освојуваат значајни домашни и меѓународни признанија.
-Тие се огромна гордост за сите скопјани, но и вистински амбасадори на Македонија, на македонската музика, култура и традиција. За нивната посветеност говорат многуте хуманитарни концерти, како и освоените први награди за најдобар средношколски оркестар во Македонија. Круна на нивниот досегашен успех е освоеното прво место со почесни заслуги - First prize with honors, на Меѓународниот натпревар во Њујорк, каде што се претставија со репертоар целосно заснован на македонската народна музика. Со ова големо признание оркестарот доби и официјална покана за концертни настапи во престижни сали во Њујорк, САД, на 5 и 6 септември оваа година - се додава во објавата на социјалната мрежа.
Градоначалникот нагласи дека ова е успех на кој сите треба да се гордееме.
-Градот Скопје и јас како градоначалник ќе бидеме нивна силна поддршка во остварувањето на овој голем сон. Нивниот настап во Њујорк ќе биде радост и гордост за Скопје и за цела Македонија. Дечки, продолжете храбро и достоинствено. Претставувајте ги Македонија, македонската песна и нашата богата традиција во најдобро светло. Исклучително се гордееме на вас - порача Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
