-->
-->
Во Крива Паланка и Ранковце 51 лице заболено од овчи сипаници
-->

На подрачјето на општина Крива Паланка и Ранковце во последните три месеци до подрачната единица на Хигиено – епидемиолошката служба пријавени се вкупно 91 случај на овчи сипаници, од кои во декември 51.
-Пикот е достигнат во последниот месец од годинава која истекува, со вкупно 51 регистриран случај и тоа претежно кај ученици, но зафатена е и предучилишната возраст, особено децата кои посетуваат градинки, информира Елена Крстевска од Пе на ХЕС, Центар за јавно вдравје, Крива Паланка.
Зголемен број на заболени од варичела бил изразен и во 2013 година, кога во последните три месеци од годината биле евидентирани вкупно 44 регистрирано случаи.
-Споредено со оваа година бројот на заболени е драстично зголемен.Иако досега варичелата се сметаше за заболување со сезонски карактер со почесто појавување во текот на пролетта и зимата, сепак имаме случаи кои се регистрираат преку текот на целата година, додаде Крстевска.
Варичелата е високо заразно заболување кое се пренесува преку аеро-капков пат, а заразата започнува еден до два дена пред појава на осипот и трае до две седмици, поточно до повлекување на осипот.
-Пред појавата на осипот има период од 1- 3 недели кога болеста започнува со општи симптоми: главоболка, истоштеност благо покачување на телесната температура. Бидејки се работи за заразно заболување се препорачува сите ученици кои ќе ги почувствуваат овие симптоми задолжително да се јават кај своите матични лекари, нагласи Крстевска.
Бидејќи најчесто заразата се шири меѓу учениците, за да се спречи понатамошно ширење на болеста се препорачуваат следните превентивни мерки: изолација на болниот до повлекување на осипот, одржување лична хигиена, избегнување близок контакт со заболено лице, често проветрување на училишните простории и зачестена дезинфекција на училишниот инвентар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
