-->
-->
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 32 пациенти, а вкупно се лекуваат 486 болни
-->
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 32 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на очната клиника.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 32 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 111 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент, од кои 10 деца и 22 возрасни.
Вкупно 486 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
-

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии
-

Вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени шест лица
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
