Биткоинот достигна 50.000 долари, највисоко ниво во последните три месеци
Биткоинот го продолжи трендот на закрепнување, достигнувајќи вчеравечер вредност од 50.000 долари, наведе CoinDesk.
Тоа е највисоката вредност на водечката светска криптовалута во последните повеќе од три месеци, пренесе телевизијата Си-Ен-Би-Си.
Оваа дигитална валута во април го забележа историскиот максимум од над 64.000 долари, но во јуни и јули следуваше нејзината распродажба и урување на вредноста, што опадна дури и под 30.000 долари. Ова во голема мера се должеше на построгата регулатива од кинеските власти, што доведе до прекин на рударењето на биткоини во Кина и преместување на оваа активност во други земји.
Меѓутоа, од средината на јули повторно почна континуираното закрепнување на пазарот за криптовалути.
Во последните неколку дена, две важни објави имаа позитивно влијание врз движењето на вредноста на дигиталните пари. Една од водечките трговски крипто платформи, Coinbase, минатата недела соопшти дека ќе купи крипто -валути во вредност од 500 милиони долари и дека ќе одвои 10 проценти од својот профит за портфолиото на крипто средства. Второ, Компанијата за онлајн плаќања PayPal соопшти дека ќе почне нова услуга во Велика Британија за да им овозможи на луѓето да купуваат, чуваат и продаваат дигитални валути.
Во меѓувреме, другите дигитални монети исто така растат во вредноста. Етер ноќеска се тргуваше со раст од околу 2,0 проценти, на 3.302,59 долари.
Вредноста на целиот крипто пазар во неделата надмина 2,14 трилиони долари, може да се види од податоците на порталот Coinmarketcap.com.
Ново на Сител
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
-

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените граѓани зел околу 56.000 евра
-

Уапсени двајца кумановци барани по потерници, а осудени на седум, односно две години затвор
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
