Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 27 пациенти, а вкупно се лекуваaт 254

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 13 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 28 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.
Вкупно 254 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 95 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
-

Во Струмица откриено спомен обележје за Ѓоко Ѓоргиев и жртвите од пожарот во Кочани
