Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај
Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево. Институтот вчера регистрира 115 нови случаи заразени со овој вирус, а 40 лица оздравеле.
Новите случаи на Ковид-19 се во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2. Од оздравените, 26 се од Скопје, двајца од Велес, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години, а во ГОБ „8 Септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.
Во Скопје најмногу активни случаи – 2007, следат Тетово со 392, Куманово – 244, Охрид – 175, Струга – 167, Штип 161 случај. Единствени општини без активни случаи се Радовиш, Берово, Виница и Делчево.
Во скопската општина Чаир има 415 активни случаи, потоа во Гази Баба – 207, во Бутел – 173, Карпош – 167, Аеродром – 159, Сарај – 154 и Центар – 150.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и четири деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на Ковид-19.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
