Во Кочанско започна наводнителната сезона

Со зафаќањето на водите од Оризарска Река и со пуштањето во полињата во меснсота викана Раце – Оризарско и Лака и Старо Поле во Облешевско, започна годинешната наводнителна сезона во овој дел од државата. Во наредните денови ке се пушти водата од реките и водотеците и во дел од атарот на Кочанското Поле и Грдовци.
Од Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ од Кочани велат дека навреме се извршени подготовките за пролетната сеидба на оризот и останатите култури, со што се исчистени каналската и друга мрежа за наводнување на плињата.
- Наша цел е на стартот на наводнителаната сезона максимално да ги искоритиме водите од реките во Кочанско, посебно на Оризарска, Кочанска и Зрновска, со што ке го ублажиме недостигот на акумулирана вода во акумулацијата Калиманци. Со измените на годишниот план за наводнување поради лошата хидролошка состојба на теренот, планираните површини под ориз од 5.100 ха се намалени за 2.500 ха, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство од Кочани.
Лошата хидролошка состојба во изминатите месеци проднесе во акумулацијата Калиманци да се акумулираат само 30 милиони метри кубни вода, кои заедно со расположивите количини на вода по завршувањето на минатогодишната наводнителна сезона кои изнесуваа 35 милиони метри кубни вода, сега во Калиманци на располагање за цела наводнителна сезона стојат на располагање 65 милиони метри кубни вода, што не се доволни колични на вода за да успешно ја завршиме наводнителаната сезона, истакнува Гоцев.
Според него Водостопанство „Брегалница“ настојувало рестрикциите на оризовите поовршини да бидат сразмерно еднакви по атари, полиња и населни места. Површините кои се одбиени ќе бидат засеани со останати пролетни култури.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
