Во Кичево се намалува бројот на семејства што користат социјална помош
Во Центарот за социјални работи во Кичево годинава помал број семејства поднеле барање за социјална помош. Аријан Имери, раководител во правниот сектор информира дека минатата година имале 739 семејства, додека годинава е бројот намален за 54 и изнесува 685 семејства корисници на социјална помош.
Ова намалување, вели тој, се должи на фактот дека во меѓувреме некои семејства добиле вработување и тоа претежно во фабриката КСС која се отвори во Кичево. Некои пак го изгубиле ова право од невнимание за почитување на роковите, бидејќи со последните измени на законот корисниците на социјална помош треба да се и активни баратели на работа.
- Покрај ова, еден дел од овие семејства вклучуваат и членови кои наполниле 65 година и преминуваат во категоријаталица корисници на постојана социјална помош, истакна Имери.
Во тек е обработка на документацијата од страна на Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи