-->
-->
Во Кичево над 20 апликации за вработување, преку активните мерки за намалување на невработеноста
-->
Општина Кичево ги повикува сите невработени лица и работодавачи од микро и мали претпријатија да се пријават за некоја од мерките предвидени во Програмата за поддршка на локалниот економски развој, во која е предвиден буџет за подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување нови бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината и за субвенционирање за вработувањето со цел создавање на конкурентна економија во приватниот бизнис.
– Невработените лица на територијата на општина Кичево евидентирани во Центарот за вработување – Кичево и работодавачите од микро и мали претпријатија кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис со отворање нови работни места, да се пријават за учество во активните мерки за самовработување. Работодавачите кои ќе обезбедат дополнително работно место за невработени лица и невработените лица кои своето вработување сакаат да го реализираат со финансиска поддршка обезбедена од општина Кичево, врз основа на претходно утврдени перативен план и насоки за спроведување на мерките за самовработување, треба да поднесат пријава во архивата на општина Кичево, вели Бурим Кадриу од секторот за финансии во општината.
Тој додава дека до сега има над 20 апликации од кои 16 се решени позитивно.
– Но, огласот трае до крајот на годината, а тоа значи дека можноста за аплицирање се уште постои, посочува Кадриу.
Парите за таа намена се обезбедени од буџетот на општината и за секој апликант со потребна документација се издвојува по 180.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка