Во Кавадарци одбележани 104 години од Тиквешкото востание

Во Кавадарци денеска беа одбележани 104 години од Тиквешкото востание. Цвеќе беше положено на споменикот подигнат во чест на загинатите за време на востанието.
Историчарот Марија Михова потсети дека по завршувањето на Првата балканска војна и протерувањето на Турците од Балканскиот Полуостров, територијата на Македонија била поделена на интересни сфери на влијание. На десната страна на реката Вардар биле концентрирани српските воено административни сили, а на левата бугарските.
- Револтот на населението во овој крај од ден во ден бил се поголем. Затоа поранешните војводи и револуционери се договориле да го подготват револтираниот народ за вооружено востание. Биле ослободени градовите Кавадарци и Неготино и педесетина тиквешки села, меѓу кои и некои од прилепската општина. Кавадарци бил слободен цели седум дена, по што востанието било задушено. По задушувањето на востанието биле убиени 545 луѓе, запалени повеќе од илјада куќи, а 2.700 луѓе биле затворени. Исплашени, за кратко време од Тиквешијата се иселиле повеќе од три илјади семејства, рече меѓу другото Михова.
Пред присутните се обрати и кавадаречкиот градоначалник Александар Панов. Тој потсети и за другите значајни настани од историјата кои се имаат случено токму во јуни.
- Сите оние кои во минатото го дадоа својот живот за ова што денес ние го уживаме треба трајно да останат во наше сеќавање, во сеќавањето на нашите поколенија, бидејќи без нивната жртва ние немаше да бидеме тоа што сме денес и нема да бидеме тоа што очекуваме да бидеме утре. Затоа на сите нив нека им е вечна славата и никогаш споменот за нив да не се заборави, нагласи меѓу другото Панов.
Ново на Сител
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
-

Девизните резерви надминаа 5,6 милиони евра
-

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места
-

Гаши: Ревизорските извештаи бараат суштинско разгледување, Собранието ќе ги зајакне механизмите за надзор
-

Укинување на дискреционото право на директорите при вработување медицински кадар помина на Комисијата за здравство
-

Мицкоски: Реконструиран локалниот пат село Корешница - село Челевец во Општина Демир Капија
