Во Катастарот запишана прва хипотека на инфраструктурен објект

Цевковод за техничка вода долг 10,7 километри е првиот инфраструктурен објект за кој денеска Агенцијата за катастар на недвижности запиша хипотека, во вредност од 10,7 милиони евра.
Како што информираат од Катастарот, хипотеката ја издаде НЛБ банка ад Скопје, а од вкупната вредност, делот за инфраструктурниот објект е 2,1 милиони евра.
- Со запишувањето на оваа хипотека започнува нова ера во кредитирањето во Македонија што ќе овозможи свеж капитал од банките за изградба на нови инфраструктурни проекти. Ова е реализација на уште еден проект на Владата на Република Македонија со кој се овозможува на компаниите иматели на инфраструктурни објекти да ги запишат и да се стекнат со право на сопственост, да ги продадат, да ги издадат под закуп во целост или во дел или да ги заложат кај деловните банки и да добијат хипотекарен кредит за нови инвестиции, се вели во соопштението.
Цевководот предмет на хипотеката е запишан во инфраструктурниот катастар на 19 април годинава. Досега, информираат од Катастарот, во инфраструктурниот катастар во имотен лист се запишани 177 километри линиски инфраструктури, 465 точкасти инфраструктури, со лист за предбележување инфраструктурни објекти се предбележани 346 километри линиски инфраструктури, а се евидентирани 170 километри линиска инфраструктура.
Од Агенцијата за катастар на недвижности потсетуваат дека секојдневно примаат барања за запишување на веќе легализирани инфраструктурни објекти, како и барања за запишување нови инфраструктурни објекти кои поседуваат целокупна градежно-техничка документација. Во дополнителниот рок за поднесување барања за легализација што истече на крајот на март годинава, до Министерството за транспорт и врски беа доставени нови 7.500 барања за легализација на инфраструктурни објекти.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен и Кошта по средбата со Вучиќ: Сакаме да видиме демократска Србија во ЕУ
-

Доналд Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“
-

Во октомври издадени 446 одобренија за градба, 22.9 % повеќе од лани
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025
-

Сончево со наместа зголемена облачност во утринските часови
-

Град Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово насилство
-

Кога да се побара стручна помош? | Стефанија Трајческа - Дефектолог | Sitel Podcast 130
